Русија со намера да го заврши Северен тек 2 до крајот на годинава

пред 3 години

Русија очекува довршување на гасоводот преку Балтичкото Море, „Северен тек 2“, до крајот на годината, изјави денеска рускиот вицепремиер Александер Новак.

Работата на руско-германскиот гасовод е во тек, рече Новак на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург.

„Операторот со компаниите што учествуваат во проектот ја продолжува неговата имплементација. Се надеваме дека работата ќе заврши до крајот на оваа година“, рече Новак.

На гасоводот, кој е речиси завршен, континуирано се спротивставуваат американски и европски активисти за заштита на животната средина.

Руските политичари претходно најавуваа дека проектот може да се заврши дури и ова лето.

Share
Scroll to Top