Руски гробари најмиле полуголи манекени да позираат до мртовечки сандаци

пред 3 години

Гробари во Русија најмиле полуголи манекенки за да продадат повеќе сандаци, во рекламна кампања која ги шокираше луѓето, неколку месеци откако во земјата беше организиран морбиден саем на гробари.

Компанијата Хороним од Москва ангажирала модели кои позирале во долна облека околу ковчезите. Контроверзната реклама привлече спротивен ефект од очекуваниот, па луѓето на социјалните мрежи го изразија својот гнев. Еден корисник напиша дека рекламата е „невкусна и навредлива“, додека други ја опишаа како „богохулие“.

„ Ова е ужасно, луѓето ги изгубија сите граници. Светот полуде“ – напиша корисникот.

Многумина истакнаа дека рекламата е навредлива за оние кои ги погребуваат своите најблиски.

Според нивната веб-страница, Хороним нуди погреби за сите различни религиозни средини, вклучително и православни (христијани), муслимани и Евреи. Тие исто така обезбедуваат специјални услуги за ВИП гостите и оние со помал буџет.

Share
Scroll to Top