САД забранија увоз од кинескиот регион каде живеат Ујгури

пред 3 години

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша одлука со која се забранува увоз од кинеската провинција Синџијанг поради загриженост дека таму се врши принудна работа, соопшти Белата куќа.

Предлог-законот, кој Конгресот го одобри на 16 декември, е дел од мерките на Вашингтон против наводната репресија на кинеските власти врз муслиманското малцинство Ујгури, пренесува „Ројтерс“.

Конгресот ја усвои мерката во декември, откако беше постигнат компромис меѓу предлозите доставени до Претставничкиот дом и Сенатот.

Законот е донесен поради загриженост дека сите стоки во Синџијанг се произведени со принудна работа.

Во текстот се наведува дека кинеската влада, наводно, основала мрежа на работни логори за Ујгурите и другите муслимански малцинства, која се базира на принудна работа, а со мерката се забранува увоз на таква стока.

Кина ги негира сите наводи за злоупотреби во Синџијанг, од каде потекнува најголемиот дел од светското производство на соларни панели, но американската влада и многу организации за човекови права остануваат цврсто на ставот дека Пекинг таму врши геноцид, наведува „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top