Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави денес дека неговата влада очекува 25 милиони Шпанци да бидат целосно вакцинирани против коронавирус до крајот на јули.
Тој рече дека целта на владата е да имунизира 70 проценти од населението на крајот на август, објави „Ројтерс“.
„Темпото на вакцинација ќе се забрза овој месец и секоја нареден ќе го подобруваме темпото на вакцинација во споредба со претходната“, рече Санчез на прес-конференцијата.