Нови сателитски снимки на фабриката за челик „Азовстал“, последното упориште на украинските бранители во разурнатиот Мариупол, го откриваат обемот на уништувањето како резултат на руското бомбардирање на комплексот.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Фотографиите кои ги објави американската компанија Maxar Technologies се направени вчера и на нив се гледа тешко оштетената челичарница.
Веќе два месеца руските сили континуирано ја напаѓаат челичарницата со гранати, проектили и бомби.
Пред евакуацијата, стотици цивили се криеја во фабриката за челик заедно со украинските борци.
Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија ги продолжила артилериските и воздушните напади врз Мариупол и дека главните напори и натаму се концентрирани на блокирање и заземање на фабриката „Азовстал“.
Вчера, украински офицер стациониран во фабриката за челик изјави дека сите цивили најверојатно се евакуирани од фабриката, додавајќи дека е тешко да се даде конечна оценка за ситуацијата во целата фабрика за челик поради континуираното гранатирање.