Саудиска активистка ја доби европската награда за човекови права

пред 4 години

Саудиската активистката за женски права, Луџаин Ал-Хатлул е одликувана со највисоката европска награда за човекови права само два месеци по излегувањето од затвор во нејзината татковина, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“, именувана по славниот чешки дисидент, а подоцна и претседател, ја доделува Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) на годишно ниво на личности кои активно ги бранат човековите права во граѓанското општество.

Според изјавата објавена од ПССЕ, Хатлул е една од лидерките на саудиското феминистичко движење, која водеше кампања за ставање крај на машкиот систем на старателство и на забраната жените да бозат автомобил. како и за поголема заштита на жените кои се соочуваат со злоупотреба во кралството.

И покрај тврдењата на Саудиска Арабија за подобрување на правата на жените – жените сега смета да возат автомобил – Хатлул беше уапсена во мај 2018 година заедно со други активисти.

По повеќе од две години притвор и бројни пријави за тортура и сексуална злоупотреба во текот на притворот, таа беше осудена на пет години и осум месеци затвор откако беше обвинета за дела поврзани со тероризам во декември минатата година.

Поради делумно условната казна и веќе поминатото време в затвор, Хатлул беше ослободена во февруари. Како дел од условите за предвремено ослободување, Хатлул е на условна казна и ѝ е забрането да ја напушта земјата во период од пет години. Таа ја изгуби жалбата против казната и ограничувањата минатиот месец.

Вчера на онлајн церемонијата, сестрата на активистката, Лина Ал-Хатлул, ги прими во нејзино име наградата и 60.000 евра што и се доделени.

„Меѓународната поддршка е единствениот начин на кој можеме да ги обелодениме неправдите во мојата земја и да ги заштитиме жртвите“, рече Ал-Хатлул.

Share
Scroll to Top