Државјанин на Србија бил фатен во Унгарија како превезува мигранти.
Полициската патрола утринава проверила возило со германски регистарски таблички на одморалиштето Инарх, покрај автопатот М5 што води кон Будимпешта. Утврдено е дека минибусот го управувал државјанин на Србија, а во возилото биле затекнати уште 21 странски државјанин без валидни документи за престој во Унгарија.
При сослушувањето, мигрантите изјавиле дека се по потекло од Авганистан и од Сирија. Во согласност со унгарските прописи, тие се вратени на унгарско-српската граница.
Според полицијата на Пешта, против возачот од Србија ќе биде поведена кривична постапка поради постоење основано сомнение дека се занимава со трговија со луѓе.
Кривичното дело трговија со луѓе во Унгарија е казниво со затвор од една до пет години, со отежнувачки околности од 5 до 15 години.