Среда прогласена за ден на жалост за жртвите од пожарот во хотелот Карталкаја, уапсени четири лица

Среда прогласена за ден на жалост за жртвите од пожарот во хотелот Карталкаја, уапсени четири лица

пред 14 часа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прогласи среда, 22 јануари, за ден на жалост во земјата по пожарот во ски-центарот Карталкаја, во кој загинаа 66 лица.

„Оние кои предизвикаа таква катастрофа, на кој било начин, и оние кои беа немарни и постапија погрешно, ќе одговараат пред законот“, рече Ердоган по состанокот на владата, јавува Anadolu.

Тој додаде дека во првата фаза се приведени четири лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот во кој се случила катастрофата.

Сè уште се чекаат официјални резултати за околностите кои довеле до трагедијата.

Текстот Среда прогласена за ден на жалост за жртвите од пожарот во хотелот Карталкаја, уапсени четири лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top