Странските државјани во Кабул предупредени веднаш да заминат од аеродромот

пред 3 години

Американската, австралиската и британската влада ги предупредија своите граѓани да не одат на аеродромот во Кабул поради закана од терористички напад.

Австралиското Министерство за надворешни работи денеска ги предупреди луѓето да не одат на аеродромот Хамид Карзаи, а оние што се во близина да се засолнат на безбедно место и да чекаат дополнителни совети.

Амбасадата на САД во Кабул, исто така, ги советува своите државјани да избегнуваат да одат на аеродромот и да избегнуваат влегување на аеродромот во овој момент, освен ако не добијат индивидуални насоки од американски владин претставник да го сторат тоа.

Во предупредувањето понатаму се вели дека граѓаните кои веќе се на портите на аеродромот треба веднаш да заминат.

Британската канцеларија за надворешни работи издаде сличен совет за своите државјани во Авганистан.

Недела и половина откако Талибанците го окупираа Кабул, можностите за воена евакуација од Авганистан брзо се затвораат, а американскиот претседател Џо Бајден се држи до планот за повлекување на американските сили до 31 август.

Ако американските војници го напуштат аеродромот во Кабул, во држава под контрола на Талибанците, не може да се гарантира безбедност на аеродромот за понатамошна евакуација.

Ситуацијата е хаотична бидејќи толпи луѓе се собираат на аеродромот со надеж дека ќе можат да се качат на летовите пред истекот на рокот.

Share
Scroll to Top