Трамп: Иран ме молеше да престанам со бомбардирањето; Техеран: Не сме разговарале

Трамп: Иран ме молеше да престанам со бомбардирањето; Техеран: Не сме разговарале

пред 5 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за „Фокс њуз“ дека директно разговарал со ирански претставници по последниот бран воздушни напади и дека тие лично побарале од него да го запре бомбардирањето на Иран.

„Ударите наскоро ќе престанат“, изјавил Трамп, но истовремено упатил предупредување до Техеран дека нападите би можеле да продолжат доколку не биде постигнат конечен договор. Американскиот претседател додал дека однапред го предупредил Иран за акцијата, порачувајќи дека нивните позиции ќе бидат погодени „исклучително силно“.

Одговорот од иранска страна следувал речиси веднаш. Иранските државни медиуми пренеле изјава на висок владин претставник кој категорично демантирал дека имало какви било разговори со Белата куќа.

„Не сме разговарале со Трамп. Тоа е лажно тврдење што служи само како параван за американските напади“, изјавил иранскиот функционер.

Размената на обвинувања доаѓа во време на зголемени тензии на Блискиот Исток. САД и Иран веќе неколку дена разменуваат жестоки ракетни напади, иако Белата куќа до неодамна тврдеше дека мировен договор е на дофат.

Последната ескалација започна во понеделникот вечерта, кога во близина на Ормускиот Теснец беше соборен американски јуришен хеликоптер „Апачи“.

Текстот Трамп: Иран ме молеше да престанам со бомбардирањето; Техеран: Не сме разговарале е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top