Судот побара деловна документација од синот на Бајден

пред 3 години

Судот го повика Хантер Бајден, синот на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, да достави комплетна деловна документација, вклучително и деловни активности со украинската нафтена компанија „Буризам“, пренесува АП, повикувајќи се на извор близок до истрагата водена од Министерството за правда на САД.

Како што се наведува, деловното работење на Хантер Бајден со компанијата „Буризам“ влијаело и на предизборните активности на демократскиот претседателски кандидат, денес новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

Синот на Џо Бајден во текот на кампањата беше постојано цел на напади од страна на Доналд Трамп. Тој упати тешки обвинувања за корупција против Хантер и Џо Бајден, кој во периодот од 2009 до 2017 година беше потпретседател на САД. Хантер Бајден во периодот од 2014 до 2019 година беше член на надзорниот одбор на украинскиот концерн за гас „Буризма“. Работата во тоа тело беше спорна, поради тоа што неговиот татко во тоа време беше потпретседател на САД и притоа беше надлежен за политиката на САД кон Украина.

Хантер Бајден е втор син на Џо Бајден. Неговиот постар брат Бо почина во 2015 година како последица на тумор на мозокот. Хантер Бајден во минатото имал проблеми со дрога. што беше и тема на една телевизиска дебата помеѓу Бајден и Трамп пред изборите.

Share
Scroll to Top