Убиени 18 луѓе во џамија во Нигерија

пред 3 години

Вооружени напаѓачи на мотоцикли убиле најмалку 18 лица во џамија во северниот нигериски град Мајдугури, јавува Ројтерс.

Напаѓачите пристигнале пред џамијата околу 5 часот по локално време и пукале во верниците без да штедат никого, раскажуваат очевидци.

Полицијата соопшти дека десетина луѓе биле киднапирани, а најмалку 20 се повредени.

Вооружени разбојници киднапираа или убија стотици ширум северозападна Нигерија оваа година, а државните власти за тоа ја обвинија исламистичката милитантна група Боко Харам.

Share
Scroll to Top