Угина најстариот бел носорог во светот

пред 3 години

Тоби, најстариот бел носорог во светот, почина на 54 -годишна возраст во зоолошка градина во северна Италија.

„Ноно Тоби почина на 6 октомври“, изјави за „Франс прес“ Елиса Ливија Пеначиони од зоолошката градина „Парко Натура Вива“ во близина на Верона.

Тоби ќе биде изложен во музејот МуСе во Трент, каде ќе се придружи на Бланка, бел лав од зоолошката градина кој починал пред пет години.

Белите носорози обично живеат до 40 години во заробеништво и до 30 години во дивината.

Смртта на Тоби, по смртта на неговата партнерка Шугар во 2012 година, ја остава „Парко Натура Вива“ со единствениот бел носорог, Бен, кој има 39 години.

Во светот останаа само два примерока од северните бели носорози кои живеат во Кенија и кои деноноќно ги чуваат вооружени чувари.

Share
Scroll to Top