Унгарија го продолжува полицискиот час и ги затвора училиштата

пред 4 години

Унгарија ќе ги затвори средните училишта, универзитетите и рестораните и ќе воведе продолжен ноќен полициски час од вторник на полноќ со цел да се запре брзото зголемување на случаите на коронавирус, објави премиерот Виктор Орбан на својата фејсбук-страница.

Орбан денес изјави дека спортските настани ќе се одржуваат без публика, а сите собири ќе бидат забранети.

Тој посочи дека се потребни нови мерки за затворање на земјата затоа што ако инфекцијата продолжи да се шири со сегашното темпо унгарските болници нема да можат да го поднесат товарот.

„Епидемијата ја коси Европа. Од почетокот на епидемијата, 109 000 се разболеле во Унгарија, а осум милиони во Европа. Според искуството, епидемијата во Унгарија заостанува зад Австрија околу една недела или две. Иако нашите болници се опремени и имаме апарати за дишење и заштитна опрема, а нашите лекари и медицински персонал прават одлична работа, мора да бидеме свесни дека и тие се луѓе и дека нивните можности се ограничени“, рече Орбан.

Тој рече дека државата мора да издржи уште неколку недели додека не пристигне вакцината.

„Но, ако бројките продолжат да растат, нашите болници нема да можат да го издржат. Ние мора да го спречиме тоа. Само маските не го забавуваат ширењето на инфекцијата доволно брзо, затоа треба да воведеме нови мерки.

Новите мерки вклучуваат полициски час од 20 до 5 часот наутро. Сите собири се забранети, рестораните се затворени и дозволена е достава до дома.

Продавниците, салоните и занаетчиите мораат да ги затворат своите продавници до 19 часот, а хотелите нема да смеат да примаат туристи, туку само деловни луѓе кои треба да патуваат од објективни причини.

Како што наведе, само на 10 лица ќе им биде дозволено да се собираат на семејни собири, а свадбите се забранети. Свадбата може да се одржи само во присуство на кумови, родители и браќа и сестри. На погреб не смеат да присуствуваат повеќе од 50 лица.

Share
Scroll to Top