Врховниот лидер на Иран ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека САД мора да ги укинат сите санкции, пред неговата земја да ги исполни своите обврски од нуклеарниот договор.
Хамнеи на Твитер изјави дека Иран е страна што се придржува до сите обврски од нуклеарниот договор во 2015 година.
Тој нагласи дека Соединетите држави, како и европските земји, Германија, Велика Британија и Франција, немаат право да наметнуваат услови за враќање на договорот бидејќи ги прекршиле обврските што произлегуваат од овој договор.
„Ако сакаат Иран да се врати на своите обврски, САД мора да ги укинат сите санкции. Ние ќе испитаме сè и ќе го одобриме. Потоа ќе ги исполниме преземените обврски”, рече Хамнеи.
Новата американска администрација, предводена од претседателот Џо Бајден, објави дека ќе се врати на договорот, доколку Техеран ги исполни своите обврски од нуклеарниот договор.
Иранските власти на крајот на јануари рекоа дека постигнатиот нуклеарен договор може да биде зачуван доколку САД се вратат на договорот и ги укинат санкциите што ги воведе Техеран од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.