Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер

пред 2 недели

Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.

Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.

Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.

Текстот Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top