Чавушоглу и Кулеба разговараа за средбата на делегациите на Русија и Украина

пред 3 години

Турскиот министер за надворешни работи телефонски разговарал со својот украински колега за средбата на делегациите на Москва и Киев во Истанбул, соопшти турското Министерство за надворешни работи за РИА Новости.

Се наведува дека Чавушоглу и Кулеба разговарале за ситуацијата во Украина и преговорите меѓу делегациите на Руската Федерација и Украина, кои ќе се одржат во Истанбул.

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган вчера се договорија следната средба на руската и на украинската делегација да се одржи во Истанбул.

Шефот на руската делегација Владимир Медински вчера најави дека четвртата рунда преговори ќе се одржи на 29 и 30 март.

Share
Scroll to Top