Западот ќе ги распредели сите расположливи ресурси за да се осигура дека конфликтот во Украина нема да се прошири во другите земји во Европа, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во телевизиско обраќање до нацијата.
– Путин не треба да ја потценува решеноста на НАТО да ги брани сите свои членки. Ова експлицитно се однесува на нашите партнери во НАТО во балтичките земји, Полска и Романија, Бугарија и Словачка. Без „ако“ и „но“, рече германскиот канцелар.
Шолц рече и дека самиот руски претседател Владимир Путин, а не рускиот народ е одговорен за нападот на Украина, но дека нема да победи.
– Напаѓајќи ја Украина, претседателот Путин сака да го врати времето назад. Но, нема враќање назад во 19 век, кога големите сили владееја над помалите држави, рече Шолц.