Шолц му честиташе на Вучиќ за реизборот за претседател на Србија

пред 4 години

Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, му честиташе на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод реизборот за претседател на државата.

– Честитки за вашиот реизбор за претседател на Република Србија. Ви посакувам претстојните задачи, со многу среќа и успех, да успеат – се наведува во честитката на Олаф Шолц, соопштија од Претседателството на Србија.

Share
Scroll to Top