Шолц предложи Германија да испрати повеќе војници во Литванија

пред 3 години

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е подготвен да распореди дополнителни трупи во Литванија за да го зајакне источното крило на НАТО како одговор на трупањето руски војници во близина на границата со Украина.

Соединетите Држави веќе наредија распоредување на околу 3.000 дополнителни војници за зајакнување на НАТО во Полска и Романија како одговор на стравувањата од руска инвазија на поранешната советска република.

„Подготвени сме да сториме се што е потребно за да ја зајакнеме борбената група предводена од Германија во Литванија“, рече Шолц во интервју за АРД пред ноќниот лет за Вашингтон.

Канцеларот рече дека за тоа ќе разговара со шефовите на трите балтички држави, кои ќе го посетат во четврток во Берлин.

Но, тој уште еднаш ја отфрли можноста за испорака на оружје во Украина поради политиката на Германија да не испраќа оружје во конфликтните зони – став кој има свои корени во крвавата историја на земјата од 20 век и е предмет на ревизија во последно време.

НАТО распореди четири мултинационални борбени единици со вкупно околу 5.000 војници во Полска, Литванија, Латвија и Естонија како одговор на руската анексија на украинскиот Крим во 2014 година.

Таканаречените борбени групи на НАТО, предводени од САД, Германија, Канада и Обединетото Кралство, треба да го запрат нападот во регионот и да купат време за дополнителни трупи на НАТО да пристигнат на бојното поле.

Шолц рече дека гледа одреден напредок во намалувањето на тензиите меѓу Западот и Русија со зголемен дијалог или меѓу САД и Русија или во нормандискиот формат на преговори меѓу Франција, Германија, Русија и Украина.

Share
Scroll to Top