Пред неколку дена завршија Олимписките игри во Токио, а од нив се збогуваа и астронаутите кои се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица.

Францускиот астронаут Томас Песке од Европската вселенска станица објави неколку видеа на Twitter, на кои се гледа како астронаутите изведуваат акробации.

Тие дури имаа поставено и мали знамиња во просторот кој претставуваше нивна арена. Меѓу акробациите имаше и синхронизирано пливање во вселената, како и стрелаштво во бестежинска состојба.

Астронаутите организираа и церемонија на затворање, па Аки Хошиде го предаде олимпиското знаме на Песке.

Овој потег има симболично значење бидејќи следните Олимписки игри ќе се одржат во Париз, Франција.

Извор: Klix.ba