Samsung Galaxy S23 е една од најочекуваните серии на телефони оваа година. Знаеме дека ќе биде претставен на 1-ви февруари, а сега дојавувач ги откри можните цени на овие телефони.

На Twitter, дојавувачот RGCloudS сподели информации за претстојните телефони и се чини дека тие ќе бидат попристапни отколку што се мислеше, иако најскапиот меѓу нив ќе има рекордна цена.

Според извештаите, стандардниот Galaxy S23 ќе има почетна цена од 799 долари за моделот со 8 GB RAM и 128 GB простор. Ќе има и варијанта со 256 GB простор за складирање податоци, а ќе има цена од 849 долари.

Galaxy S23+ ќе има и две варијанти, па се очекува моделот со 8GB RAM/128GB да чини 999 долари, додека варијантата со 8GB RAM/256GB ќе чини 1049 долари.

Конечно, Galaxy S23 Ultra ќе има три верзии. Моделот со 8 GB RAM / 256 GB треба да биде по цена од 1249 долари, варијантата со 12 GB RAM / 512 GB ќе чини 1349 долари, додека најскапиот модел со 12 GB RAM и 1 TB простор за складирање ќе има цена од 1499 долари.

Треба да се напомене дека споменатите цени се индикативни и би можеле да се променат како што се приближуваме до Galaxy Unpacked настанот кој е закажан за 1 февруари.

Во секој случај, серијата Galaxy S23 ќе има телефони за различни буџети, почнувајќи од 799 долари до целосно премиум 1.499 долари за најмоќниот модел Galaxy S23 Ultra.

Во продолжение се појавија „официјални“ фотографии на кои се гледа серијата телефони Samsung Galaxy S23, а можете да ги погледнете овде.