Мистеријата на древни египетски мумии со години ги фасцинира луѓето ширум светот, а сега истражувачите објавиле нови фотографии кои прикажуваат како веројатно изгледале.

Истражувачите од компанијата за DNK технологија, Parabon NanoLabs во САД користеле ДНК податоци за изработка на 3Д сликите на лицата на три мумии.

Експертите веруваат дека ова е првпат да може да се открие човечки фенотип врз основа на толку стара ДНК, со помош на напредни техники. Анализата покажува дека станува збор за машки лица со еврејско потекло и со корени од Јемен, Мароко и Тунис.

„Сите бевме шокирани од тоа колку ДНК-та на старите Египќани била различна од онаа на жителите на денешен Египет. Само едно лице наликуваше на денешните Египќани, но другите две беа повеќе слични на луѓе од јужна Европа и Медитеранот“, изјави Елен Мекре, директор на лабораторијата Parabon NanoLabs, специјализирана за одредување на фенотипот врз основа на ДНК.

Потеклото на споменатите мумии не е субсахарско бидејќи ова влијание во Египет се појавило дури во подоцнежните периоди.

Најголемиот предизвик за научниците беше фактот дека се работи за екстремно стара ДНК која била изложена на влијанија од околината илјадници години.

„Ако, благодарение на модерната технологија, можеме да анализираме ДНК стара илјадници години, тогаш сигурно можеме да анализираме примероци стари педесет години“, заклучува Мекреј.