Intel неодамна ги претстави своите први Iris Xe десктоп графички картички, но овие модели нема да ги видиме на системите што ги покренува AMD хардверот. Додека графичките процесори на Nvidia и AMD работат во тандем со различните процесори на Intel и AMD, новиот десктоп GPU моментно е малку повеќе лимитиран.
Официјално лице на Intel потврди дека Iris Xe add-in картичката ќе може да се комбинира со 9. генерација (Coffee Lake-S) и 10. генерација (Comet Lake-S) Intel Core десктоп процесори, како и матичните плочи со Intel B460, H410, B365 и H310C чипсет, а ќе се продаваат и во рамките на прединсталираните системи.
Овие рестрикции имаат смисла, со оглед на тоа дека првите десктоп графички карти на Intel се насочени кон систем интеграторите, што ќе ги вградат во однапред креираните системи, така што не се наменети да се нарачување преку интернет. Покрај тоа, графичките карти не се креирани за гејминг системите, иако Intel работи на Xe-HPG архитектура што во одреден момент ќе се натпреварува со AMD/Nvidia моделите и во областа на гејмингот.