Компанијата Amazon планира да покрие поголем дел од планетата со пристап до интернет, а сега е поблиску до таа цел.

Амазон потпиша договор со компанијата United Launch Alliance и обезбеди девет Atlas V ракети за лансирање на интернет сателити. Целта на Амазон е во ниската орбита на Земјата да испрати повеќе од 3.200 сателити, што на крајот ќе ја сочинуваат неговото Project Kuiper соѕвездие. Со избирање на Атлас V ракетата, Amazon „игра на сигурно“, затоа што оваа ракета се користи скоро две децении, а од 2007 година е стопроцентна успешност. Оваа ракета ја користеше американската вселенска агенција NASA за мисиите Perseverance и OSIRIS-REx.

„Лансирањето на соѕвездиете од оваа големина не е мала задача, ќе ни требаат повеќе ракети и партнери за лансирање, за да го следиме својот распоред“, соопшти Amazon. Поради тоа, секој сателит е компатибилен со неколку ракети.

Amazon доби дозвола да лансира половина од сателитите до 2026 година, а целото соѕвездие до 30 јули 2029 година.