Ракета на SpaceX експлодира неколку минути по слетувањето (ВИДЕО)

пред 3 години

Прототип-ракета на американската вселенска компанија компанија SpaceX, по пробен лет во американската сојузна држава Тексас, успешно слета, но наскоро се појави пожар и леталото експлодира.

Прототипот на вселенското летало SpaceX Starship SN 10 успеа да слета, за разлика од претходните SN 8 и SN 9. Тоа значи дека лансирањето во „Бока чика“ во Тексас и летот на голема височина, беа успешни.

Сепак, кусо по слетувањето, оган го зафатил вселенскиот брод и експлодирал осум минути подоцна.

SN 10, SN 9 и SN 9 се прототипи на ракета во развој на приватната компанија на милијардерот Елон Маск, којашто би овозможила превоз на луѓе и товар во идните мисии на Месечината и Марс.

Share
Scroll to Top