Русија планира да распореди на својот дел од Арктикот нуклеарни торпеда, кои се дизајнирани да детонираат во близина на брегот на непријателските земји, и така да предизвикаат радиоактивно цунами.
Сателитската компанијата Maxar проследи фотографии до CNN, кои укажуваат на тоа дека Русија тестира вооружување на подрачјето на Арктикот и дека таму гради значајна војна инфраструктура.
CNN пишува дека Русија следното лето има намера на подрачјето на Арктикот да ги распореди своите 2M39 Посејдон нуклеарни торпеда. Некои воени известувачи ова оружје го нарекуваат направа на „судниот ден“, поради неговата разорна моќ.
Посејдон работи така што детонира на морското дно, недалеку од брегот на непријателската земја, предизвикувајќи цунами што би раширило смртоносно зрачење низ целиот брег и километри во позадина, правејќи го целото тоа подрачје ненаселиво.
Times of London пишува дека Путин побарал извештај од рускиот министер за одбрана за клучната фаза на тестирање во февруари, а до крајот на годината се очекуваат и нови тестирања на тој систем.
Русија го има најдолгиот арктички брег во светот, а тој регион сочинува околу една четвртина од БДП на земјата. Северното Море е исто така вреден поморски коридор за официјална Москва.
Од Пентагон оваа недела порачаа дека руската активност и воената инфраструктура на Арктикот се наоѓа под нивна лупа, но не сакаа да откријат детали за тоа.
Портпаролот на Пентагон, Џон Ф. Кирби додаде дека никому не му во интерес Арктикот да стане милитаризирана зона.