Минатата недела имавме шанса да видиме рендери од iPhone 13, кои покажаа нешто поинаков дизајн на системот за камери на задната страна. Најновата фотографија, која прикажува прототип на iPhone 13, потврдува дека телефонот ќе има дијагонално позиционирани сензори на камерата.
Треба да се напомене дека на фотографијата се наоѓа прототип на уредот, и дека Apple со месеци е далеку од почетокот на масовното производство на iPhone 13 серијата, така што овој дизајн можеби не е конечен. Доколку компанијата со седиште во Купертино се одлучи за овој дизајн, најверојатно ќе биде применет и на поголемиот iPhone 13 модел.
Тоа го потврдуваат и претходните CAD рендери, додека двата iPhone Pro модела треба да го задржат истиот дизајн на камерите (затоа што во модулот мораат да бидат сместени три камери и LiDAR сензор).
Причината за промена на дизајнот на модулот за камерите на iPhone 13 mini (и веројатно стандардниот модел на iPhone 13) може да биде тоа што Apple сака да имплементира поголем сензор за фотографирање и снимање видеа.