Во истражување на научници од данскиот Универзитет Архус е наведено дека сивите китови изумираат во Тихиот Океан поради глад, односно недостаток на плен. Како дополнителен фактор на оваа ситуација придонесува и загревањето на Арктикот.

Сè почна во 2019 година кога беа забележани 378 загинати сиви китови кои припаѓале на популацијата на источниот дел на Пацифик. Многу е поголем бројот на оние кои не се регистрирани, додека во тешка ситуација се пронајдени многу сиви китови.

Научниците стравуваат дека трендот на изумирање на китовите ќе продолжи и оваа година. Гладот е само фактор кој придонесува за тоа.

Секој јануари китовите мигрираат јужно од Беринговото Море и доаѓаат во водите на Јужна Калифорнија и Мексико, каде се размножуваат. Првото истражување за сивите китови е објавено во периодот меѓу 1977 година и 1982 година во Мексико.

Откако по 2019 година започна ново истражување, забележано е влошување на состојбата со сивите китови, како и намалување во размножувањето.

Извор: Klix.ba