52-годишен jутјубер од Јапонија е првиот маж кој е приведен во таа земја затоа што заработил од видео на кое е прикажан крајот на една игра.
Јапонија можеби е либерална земја, но не толку либерална за да ви биде дозволено да „расипете“ игра стара 12 години. Како што објави Japan Today, 52-годишен маж од Нагоја бил уапсен поради нелегално објавување на три клипови од Steins;Gate: My Darling’s Embrace на YouTube, вклучувајќи го и крајот на играта.
A man faces a fine of up to £900 for posting the ending to visual novel #SteinsGate on YouTube in Japan.https://t.co/KyvwlfPnOf
— GameCentral (@GameCentral) May 23, 2023
Сега се поставува прашањето дали е уапсен токму поради тоа или поради тоа што имал финансиска корист од тие снимки, т.е. затоа што заработувал содржини што не му припаѓаат.
Ова е особено контроверзно за креаторите на гореспоменатата игра, која е визуелен роман и всушност може да се доживее во целост со гледање, односно без играње.
Во секој случај, уапсениот признал дека знаел за неговите постапки и дека знаел дека тоа што го прави е незаконски.