Аналитичката компанија IDC ги објави најновите резултати од продажбата на компјутери, кои се однесуваат на првиот квартал од оваа година.
Извештајот на IDC укажува на намалување на побарувачката, па така испораката на компјутерски уреди во првите три месеци од годинава бележи намалување од 29% во однос на претходната година.
Ваквата состојба на пазарот се одрази негативно на сите производители на компјутери, особено на Apple. Се вели дека намалената побарувачка, вишокот залихи и лошата макроекономска средина одиграле голема улога во лошите продажни резултати.
Глобалните испораки на компјутери достигнаа вкупно 56,9 милиони, што претставува пад од 29% во споредба со истиот период во 2022 година.
Иако сите производители доживеаја пад на продажбата во текот на првиот квартал, Apple е веројатно најголемиот губитник. Компанијата забележа пад на продажбата на компјутери од дури 40,5% во однос на претходната година.
Сепак, ова не е изненадување, бидејќи Apple се фокусираше на своите iPhone-и и други услуги. Од компанијата допрва треба да се очекува голема надградба на линијата на компјутери Mac.
Кога станува збор за целиот пазар на персонални компјутери, листата на Топ 5 производители на персонални компјутери според уделот на пазарот изгледа вака: Lenovo е на врвот со пазарен удел од 23,9 отсто, следен од HP (21,5%), Dell (16,0%) ), Apple (7,5%) и Acer (6,4%).
IDC истакнува дека до крајот на годината се очекува нов раст на продажбата на персонални компјутери, поради глобалните економски подобрувања и корисниците кои размислуваат за надградба на Windows 11.