Се чини дека Motorola се подготвува да додаде нов модел во портфолиото на телефони, наречен Motorola Nio. Ова треба да биде првиот смартфон на компанијата што ќе се испорачува со оперативниот систем Android 11. Сега листата на Geekbench открива некои спецификации на уредот.

Motorola Nio е наведен на Geekbench со ознака на моделот Motorola XT2125-4. Листата открива дека телефонот користи Android 11, а ќе се напојува со Snapdragon 865+ чипсет, заедно со графичкиот процесор Adreno 650. Процесорот има работен такт од 3,9 GHz, а уредот доаѓа со 8 GB RAM меморија.

Претходните гласини сугерираат дека Motorola Nio може да има и Full HD+ дисплеј со брзина на освежување од 90Hz. Се очекува OmniVision сензор за главната камера од 64MP на задната страна, како и ултра-широк сензор од 16MP и сензор за длабочина од 2MP. Покрај тоа, од предната страна се очекуваат камери од 16MP и 8MP, сместени во двоен punch-hole отвор.

Засега нема официјални информации за Motorola Nio од компанијата, па затоа горенаведените детали треба да се земат со доза на резерва.