На Weibo профил, кој во меѓувреме е избришан, се појави информација дека Huawei P50 го завршил периодот на тестирање на HarmonyOS 2.0 Beta 2 платформата и дека преминува на Beta 3. Huawei P50 ќе биде првиот смартфон кој пристигнува со однапред инсталираниот HarmonyOS.

Huawei P50 серијата секако нема да биде прва што ќе го користи оперативниот систем на кинеската компанија. Неколку постари премиум модели можат да ја користат платформата во бета фаза. Она што е интересно е дека Huawei P50 серијата ќе биде првата што целосно ќе го прескокне Android системот на Google.

Кога станува збор за постоeчките уреди, масовна транзиција на HarmonyOS се очекува од април, а процесот ќе го предводат телефоните на Huawei од повисокиот сегмент. Официјалните лица на Huawei очекуваат дека HarmonyOS ќе го покренуваат 300-400 милиони уреди до крајот на годината (тука спаѓаат смарт телевизори, паметни часовници и Internet of Things гаџети).

Како подготовка за оваа транзиција, Huawei ја проширува својата Petal линија на алтернативни сервиси. Petal Search стана целосен пребарувач, а потоа беа објавени Petal Maps и Docs. Huawei наскоро ќе ги претстави и Petal Assistant, Petal keyboard и Petal Vision апликациите.