Претходно се појавија информации за тоа дека во подготовка е Realme GT Master Edition, а сега се достаопни уште некои детали. Xu Qi Chase, потпретседател на компанијата Realme, на својот Weibo профил објави фотографија која го сугерира се уште необјавениот уред.
Видливо е дека името на уредот е намерно замаглед во дното на фотографијата. Дојавувачот Digital Chat Station се вклучи во оваа приказна со тврдење дека Realme подготвува соработка со реномираниот бренд во доменот на фотографирање и дека GT Master Edition ќе биде првиот телефон што ќе произлезе од оваа соработка.
Уште еден познат дојавувач објави дека таа партнерска компанија ќе биде Kodak. Компанијата во 2012. година пријави дека е во стечајна постапка, а оттогаш се фокусира на софтвер и хардвер за комерцијални решенија за печатење. Во 2015. година, Kodak го објави и својот прв телефон (IM5), а година подоцна и Ektra смартфонот.