Realme наскоро ќе објави нов телефон од горниот среден сегмент, наречен Realme GT Master Edition. Смартфонот би требало да биде претставен подоцна во текот на јули.
Сајтот 91Mobiles ги објави првите фотографии кои личат на официјални, за Realme GT Master Edition. Телефонот ќе биде понуден во три варијанти – црна и бела боја, како и попремиум варијанти со финиш налик на кожа.
Од предниот дел од телефонот има рамен екран, со 6,43-инчен Super AMOLED екран во FHD+ резолуција и брзина на освежување од 120Hz. Сензорот за отпечатоци од прсти ќе биде вграден под дисплејот. Тука е и селфи камерата од 32MP, сместена во punch-hole отвор.
На задната страна се очекува систем со три камери, кој се состои од 64MP главен сензор , 8MP ултраширок и сензор за длабочина од 2MP. Телефонот ќе го покренува осумјадрен Snapdragon 778G чипсет, во комбинација со до 12GB RAM и 256GB простор за складирање.
Уредот ќе го напојува батерија од 4300mAh, која има поддршка за 65W SuperDart полнење. Покрај тоа, телефонот има и 3.5мм приклучок и Realme UI 2.0 базиран на Аndroid 11.
Realme GT Master Edition се очекува во Европа по цени од 349, 399 и 449 евра за модели од 6GB + 128GB, 8GB + 256GB и 12GB + 256GB, за RAM меморија и простор за складирање.