Пред неколку дена, поранешен вработен во студиото Rockstar Games по име Оби Вермај на својот блог почна да открива интересни детали за старите проекти на креаторите на серијалот GTA.
Тој, меѓу другото, откри дека прототипот GTA 3 првпат бил направен за конзолата Sega Dreamcast, дека Rockstar накратко развил игра за преживување зомби по играта GTA Vice City, како и што се случило со откажаната игра Agent.
Иако Вермај немаше лоша намера, на сегашниот тим на Rockstar не му се допадна тоа што го прави, па го контактираа и побараа од него да престане со понатамошните објави, како и да го отстрани сето она што претходно напишал за неговата работа во Rockstar.
„Денес добив е-пошта од Rockstar. Очигледно некои директори се вознемирени поради мојот блог. Навистина мислев дека никој нема да има ништо против да зборувам за 20-годишни видео игри, но згрешив“, изјави тој.
„Претпоставувам дека има врска со уништување на мистеријата што ја одржува Rockstar. Во секој случај, овој блог не ми е доволно важен за да ги налутам моите поранешни колеги во Единбург, па ќе го затворам“, додаде Вермај.