Spotify ја ажурираше апликацијата за Apple Watch, која на сопствениците на паметните часовници на Apple ќе им овозможи да слушаат стримувана музика без конекција со iPhone. Апликацијата овозможува слушање на песни од плејлисти преку Wi-Fi или мобилната мрежна конекција. Оваа функционалност моментно е во бета фаза и се уште не им е достапна на сите корисници.
Од компанијата Spotify нагласуваат дека нивната цел е да им овозможат на корисниците да слушаат музика кога и да посакаат, без оглед каде се наоѓаат, и без оглед на уредите или платформата што ја користат. Благодарение на оваа опција, ќе биде доволно да поседувате Apple Watch со LTE конекција и профил на Spotify сервисот. Телефонот, барем за оваа намена, ќе можете да го оставите дома.
Засега не е објавен датумот кога оваа функција ќе им биде на располагање на сите корисници, но можеме да кажеме дека желно ја очекуваме.