Астронаутите кои отпатуваа на Меѓународната вселенска станица (ISS) како дел од мисијата Crew-3 на SpaceX, се вратија вчера на Земјата.
Тимот астронаути безбедно се врати дома во капсулата Crew Dragon, која слета во Мексиканскиот залив. Станува збор за капсула Crew Dragon Endurance, која го имаше својот деби лет со истите астронаути во ноември 2021 година.
NASA сними прилично спектакуларно ноќно видео од астронаутите кои се враќаат на Земјата.
And… splashdown! Dragon has safely made it home with precious cargo aboard: four #Crew3 astronauts!
Now they wait for the recovery vehicle, which is named after Shannon Walker, mission specialist for the first crewed @SpaceX mission to the @Space_Station: pic.twitter.com/VDDXdsxkbH
— NASA (@NASA) May 6, 2022
Како што може да се види, капсулата свети со инфрацрвена светлина, веројатно затоа што достигнала висока температура кога влегла во атмосферата на Земјата.
Во капсулата беа астронаутите на NASA, Кајла Барон, Раџа Чари и Том Маршбурн, како и астронаутот на ЕСА Матијас Маурер. Маурер е единствениот ветеран астронаут кој ја завршил својата петта вселенска прошетка за време на мисијата Crew-3. Тоа беше првата мисија на ISS за преостанатите тројца членови на екипажот, а Маурер е само вториот астронаут на ЕСА што леташе со капсулата Crew Dragon.
Екипажот помина 177 дена во орбитата, а мисијата имаше проблем уште на самиот почеток бидејќи астронаутите мораа да бараат засолниште во транспортно летало додека ISS поминуваше покрај опасно поле со вселенски отпад. Според Стејт департментот, отпадот е резултат на руски ракетен тест кој уништил руски сателит.
Следната мисија на SpaceX со екипаж што патува до ISS е закажана за септември. Тогаш двајца астронаути на NASA, еден член на јапонската вселенска агенција JAXA и еден руски космонаут ќе отпатуваат до ISS. Тоа ќе биде петти лет на NASA Commercial Crew од лансирањето на мисијата Crew-4 во април.