Сајбер-криминалот е во пораст во изминативе неколку години, а работењето од дома само го зголеми ризикот од сајбер напади. Речиси 50% од компаниите пријавиле дека станале жртви на сајбер измама во изминатите 24 месеци што резултирало со загуба од околу 42 милијарди долари. Како да спречите вработените да паднат на сајбер мамки?

Работењето од дома предизвика промена на работниот стил. Тоа ни донесе и нови предизвици за кои допрва треба да се бара решение, како на пример: користењето на незаштитени и сомнителни мрежи за поврзување на интернет или малициозните пораки што хакерите ги испраќаат за да ги уловат своите жртви.

Истражувањата го покажуваат следново:

  • 70% од вработените што работат од дома ги користат своите службени компјутери за лични активности.
  • 69% од оние кои користат приватни лаптопи, ги користат за работни активности.
  • 30% од вработените дозволиле некој друг да го користи нивниот службен компјутер.

Како резултат на овие однесувања, вработените кои работат од дома се голема мета на хакерите. Со право работодавците се загрижени за сајбер безбедноста на организацијата.

Три чекори како да ги спречите вработените да паднат на сајбер мамки

Чекор 1: Подигање на свеста кај вработените

Првиот чекор е запознавање на вработените со ризиците од сајбер криминалот и креирање процеси за намалување на ризикот.

  • Креирајте процедура за однесување при сомнителни мејлови или СМС пораки;
  • Користете силни лозинки коишто нема да ги зачувувате во вашиот компјутер;
  • Користете безбедни и веќе докажани алатки за пренос на фајлови.
Чекор 2: Едукација и практични вежби

Одвојте неколку часа за да организирате работилница за тоа како изгледаат сомнителни мејлови.

Освен процедура за однесување при можни сајбер измами, важно е вработените овие сознанија да ги пренесат и во пракса.

Дозволете им на вработените сами да ги пробаат чекорите неопходни за пријавување на потенцијален сајбер напад како:

  • Проверка на необични фрази и лоша граматика во пораки;
  • Проверка на легитимност на е-мејл адреса;
  • Препраќање на сомнителните мејлови до ИТ секторот.

Чекор 3: Пријавување на хакерските напади до надлежните органи

Многу често фирмите не знаат дека се цел на хакерски напад се додека не биде предоцна за тоа.

Дополнително, дури и кога ќе откријат, многу компании што се оштетени не го пријавуваат овој напад во полиција. Ова се случува поради стравот дека тоа ќе ѝ наштети на репутацијата на фирмата и ќе ги направи нивните клиенти несигурни.

Време е да се стави крај на криење на хакерските напади и да се поттикне пријавување на случаите. Клиентите на еден или друг начин ќе откријат што се случило и нема да се среќни што компанијата криела ваква круцијална информација од нив.

За да дознаете повеќе како да ги заштитите вработените од потенцијални сајбер напади – https://www.gartner.com/en/doc/3-steps-to-stop-employees-taking-cyber-bait.

 

Извор: Некст Медиа

„За повеќе теми и занимливости од слични области, посетете ја Медиа страната на Бреинстер Некст Колеџ