Богатството на Елон Маск, благодарение на порастот на вредноста на Tesla и SpaceX незапирливо расте, па оваа година е зголемено за над 66 милијарди долари.

Погледот кон листата на Bloomberg на милијардери открива дека денес во светот има дури 11 лица кои се „тешки“ над 100 милијарди долари.

На таа листа доминираат луѓето од технолошкиот сектор, а моментално првото место како најбогата личност на светот го има Елон Маск.

Од почетокот на пандемијата, неговото богатство брутално расте, па според последните податоци на Bloomberg моментално изнесува 236 милијарди долари.

Имено богатството на Елон Маск е поголемо кога ќе се соберат богатствата на Бафет и Гејтс. Бафет се наоѓа на десеттото место на листата најбогати луѓе, а неговата вредност изнесува 103 милијарди долари, додека пак Гејтс е на четвртото место со 130 милијарди долари.

Второто место на листата му припадна на Џеф Безос со 197 милијарди долари, додека пак на третото место се наоѓа Бернард Арно со 164 милијарди долари.

Закерберг моментално е на седмото место на листата со 121 милијарди долари, а пред него се наоѓаат основачите на Google.