Амбер Херд е виновна за распадот на бракот на Џејсон Момоа и Лиза Бонет

Амбер Херд е виновна за распадот на бракот на Џејсон Момоа и Лиза Бонет

пред 3 години

Поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд, наводно е виновна за разводот на Џејсон Момоа и Лиса Бонет. Холивудската двојка се разведе по 17 години брак, а пријателите на социјалните мрежи тврдат дека виновна за тоа е Херд, глумицата со која Момоа го сними „Аквамен“.

„Што направи Амбер Херд. Го упропасти бракот и со Деп. Се зближија во „Аквамен“. Прашање е само што следно ќе упропасти“, и напишаа тие.

Други пак веруваат дека немало ништо меѓу Момоа и Херд, но, дека Лиза е таа која сакала развод. Таа му се налутила на Момоа затоа што не застанал во одбрана на нејзиниот пријател Џони Деп, во судската пресметка со Амбер.

„Мислам дека тоа е затоа што никогаш не застана на страна на Џони Деп кој ѝ е пријател на Лиса. Пријателството со Амбер си има свои последици. Лиса дури рече дека не е среќна што Момоа работи со неа. Послушај ја својата жена“, рече еден од обожавателите.

Момоа и Бенет неодамна објавија за разводот и рекоа дека достоинствено ќе продолжат со своите животи.

„Одлучивме со јавноста да ја споделиме веста дека се разведуваме. Ја споделуваме оваа вест не затоа што мислиме дека тоа е важно, туку затоа што сакаме достоинствено и искрено да продолжиме со нашите животи“, рекоа тие.

 

 

Share
Scroll to Top