Американските дизајнери ја избраа Зендаја за модна икона

Американските дизајнери ја избраа Зендаја за модна икона

пред 2 години

На 10 ноември ќе се одржи годинашното издание на CFDA наградите. Здружението на Американските дизајнери одлучи тоа да биде 25-годишната актерка Зендаја. Воедно, таа ќе биде најмладата ѕвезда што некогаш ја примила наградата.

 

Нивниот избор воопшто не е за изненадување, бидејќи откако пред неколку години се појави на црвениот килим во креација на Вивиен Вествуд, па во Том Форд, продолжија да се редат нејзините модни успеси. Важи за една од најдобро облечените, а тоа го потврдува и последниве денови, промовирајќи го филмот „Dina“ со Тимоти Чаламе.

Стилист на Зендаја е познатиот Ло Роах, кој успеа од неа да создаде вистинска модна икона.

 

 

За потсетување, пред Зендаја, Ријана, Бијонсе, Џенифер Лопез, Принц, Дејвид Боуви, Фарел Вилијамс се дел од ѕвездите кои го добија ова престижно признание.

На церемонијата ќе биде наградена и Ања Тејлор Џој, а “модниот оскар“ за неа оди за Лице на годината, повторно би рекле – заслужено. После „Queen’s Gambit“, младата актерка ниже филмски успеси, но и модни.

 

Share
Scroll to Top