Антониа Гиговска блеска во бременоста

Антониа Гиговска блеска во бременоста

пред 2 години






Поп-пејачката Антониа Гиговска за Денот на жената позираше во автомобил со роза во раката. Но, сепак внимание привлече нејзината бременост, за која таа објави кон средината на јануари.

„Среќен 8-ми Март на сите девојки и жени. Бидете здрави, живи и секогаш насмеани. Посебни во секоја смисла на зборот.“, вели Антониа. Нејзините следбеници и пишуваат дека блеска и дека бременоста и годи.

За потсетување, кон крајот на јануари објави дека е бремена и дека со свршеникот Роберт Спасенцовски го чекаат првото дете. Пејачката која музички беше многу активна најави дека се повлекува од сцената, заради бременоста.





Share
Scroll to Top