Ашер ќе настапи на Супербоул

Ашер ќе настапи на Супербоул

пред 1 година

Американската поп ѕвезда Ашер ќе настапи на полувремето на педесет и осмото издание на Супербоул, што ќе се одржи на 11 февруари 2024 година во Лас Вегас. Од НФЛ потсетија дека Ашер е осумкратен добитник на Греми наградата и дека е икона чија музика остави неизбришлива трага.

„Моја животна желба е конечно да ја пречкртам мојата листа на желби за настап на „Супер Боул“. Едвај чекам да му донесам на светот шоу кое не наликува на ништо што досега го виделе од мене. Благодарност до навивачите и на сите што ми ја овозможија оваа можност. Се гледаме наскоро“, рече Ашер.

„Ашер е икона чија музика остави неизбришлива трага и не би можеле да бидеме повозбудени што тој ќе биде главен на годинешниот Apple Music Super Bowl Halftime Show“, рече Сет Дудовски, музичкиот директор на НФЛ.

Од објавувањето на неговиот деби албум во 1994 година, Ашер продаде над 80 милиони плочи ширум светот, беше на врвот на музичките топ листи и зема осум Греми награди, кои според многумина се најпрестижните награди во музичката индустрија.

Списанието „Билборд“ го прогласи за втор најуспешен уметник во 2000-тите.

Share
Scroll to Top