Познатиот американски рапер и глумец О’шеј Џексон Јуниор, познат како Ајс Кјуб, призна дека изгубил милиони затоа што не сакал да се вакцинира против корона. Ајс рече дека изгубил девет милиони долари да глуми во филм, но не му дозволиле затоа што претходно требало да ја прими вакцината.
Во подкастот Million Dollaz Worth of Game, зборуваше дека требало да глуми во комедијата на „Сони“, Oh Hell No, но, тоа на крајот не се случило.
„Не сакав да ме боцкаат. Нека се гони и вакцина и сите кои сакаа да ме натераат да се вакцинирам. Не знам зошто „Холивуд“ сега мисли на мене. Не ми ја дадоа улогата затоа што не сакав да се вакцинирам. Јас не ги одбив, тие ме одбија мене. Таа вакцина не ми треба, а не ни заболев од корна на крајот“, рече Ајс.
За време на подкастот го прашаа и што мисли, дали заради овој инцидент треба да го напушти Холивуд и да се префрли на друга платформа.
„Работем во моментов на нешто. Имам и јас кецови во ракав“, објасни глумецот.
За потсетување, Ајс Кјуб за време на пандемијата заговараше носење на маски. Произведуваше и маици со натписи, а во 2021 година донираше 2000 маски во колеџ во Оклахома.
За потсетување, американските медиуми уште во 2021 година пишуваа за тоа како изгубил милиони поради вакцинирањето, а тој сега тоа и го потврди.