Барбадос е првата држава која по 30 години ќе ја отфрли кралицата и ќе стане република

Барбадос е првата држава која по 30 години ќе ја отфрли кралицата и ќе стане република

пред 2 недели

Британската колонија Барбадос следната недела ќе ја отфрли кралицата Елизабета Втора како шефица на државата и ќе ги раскине преостанатите империјални врски со Британија. Ова се случува речиси 400 години откако првите англиски бродови пристигнале на карипскиот остров. Барбадос е првата држава која ја отфрла власта на британската круна, откако Маврициус го направи тоа пред триесет години, во 1992. Бакингамската палата соопшти дека тоа е внатрешна работа на народот на Барбадос.

„Ова е крај на приказната за експлоатацијата на умот и телото. Ова е историски момент за Барбадос, Карибите и за сите постколонијални општества. Луѓето од овој остров се бореле не само за слободата и правдата, туку и да ја отстранат тиранијата на империјалната и колонијална власт“, вели сер Хилари Беклс, историчар од Барбадос.

Островот бил ненаселен кога Англичаните првпат дошле, но од 1627 до 1833 година таму биле донесени 600.000 африкански робови, кои работеле на плантажите, донесувајќи им богатство на англиските сопственици. Ропството целосно било укинато во 1838 година, а Барбадос се здоби со независност во 1966 година. Тој ќе биде република во рамките на Комонвелтот, кој обединува 54 држави.

Официјалното прогласување ќе се одржи на 29 ноември, а принцот Чарлс најави дека ќе присуствува. На чело на државата ќе биде претседателката Сандра Мејсон.

Покрај Барбадос, Елизабета Втора е кралица на уште 15 држави, вклучувајќи ги Австралија, Канада и Јамајка.

Share

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 17

anime website Black Clover

AniWatch The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants (Dub)

sites to watch anime AniWatch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

AniWatch Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub) Episode Full

Scroll to Top