Берат Јакупи од Гостивар е балкански вицешампион во карате

Берат Јакупи од Гостивар е балкански вицешампион во карате

пред 1 година

Берат Јакупи од Гостивар викендов го освои сребрениот медал на Балканското првенство во карате Тирана, Албанија и стана балкански вицешампион.

Јакупи на овој турнир, имаше  пет борби, четири победи, а финалната ја загуби.

„Постигнувањето на сребрениот медал во ваква силна конкуренција е доказ за неверојатната посветеност на Јакупи на спортот. Но, за Берат ова е само почеток. Тој ќе продолжи со интензивните подготовки во текот на овие месеци и е подготвен да се соочи со следните предизвици каде што има за цел да донесе медали за својата земја. Берат Јакупи покажува дека е еден од најуспешните спортисти на меѓународната карате сцена“, соопштија од неговиот стручен штаб

Јакупи на крајот на октомври ќе учествува на Светското првенство за сениори.

Share
Scroll to Top