Благоја Милевски го наследи Игор Ангеловски како селектор на фудбалската репрезентација

Благоја Милевски го наследи Игор Ангеловски како селектор на фудбалската репрезентација

пред 3 години

Благоја Милевски од 1 август ќе го наследи Игор Ангеловски на селекторското место на фудбалската репрезентација. Милевски досега ја водеше селекцијата до 21 година, со која во 2017 година оствари историски пласман на Европското првенство во Полска.

„Му даваме доверба на Благоја Милевски да ја предводи македонската А репрезентација поради неговиот карактер, работната етика и човечките квалитети. Тој е тренер кој става личен печат на тимовите кои ги предводи и човек со дисциплина и исклучителна ментална сила. Тој е човекот кој го регенерираше македонскиот фудбалски крвоток, создаде неверојатна група на фудбалери кои зад себе веќе имаат настап на две Европски првенства, младинско и сениорско и уверени сме дека тој пат мора да продолжи. Тој ја создаде златната генерација македонски фудбалери која беше меѓу 12-те најдобри селекции во Европа и кои веќе неколку години се дел од нашиот најдобар национален тим. Веруваме во квалитетите на Милевски и убедени сме дека ќе продолжи со успех да ја предводи и А репрезентацијата“, рече претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини..

Share
Scroll to Top