Легендарниот германски тенисер Борис Бекер ја отслужи осуммесечната затворска казна во Велика Британија поради финансиска измама и сега ќе биде протеран од земјата.
Бекер беше осуден поради затајување на данок и проневера на повеќе од 25 милиони фунти, откако прогласи банкрот во 2017 година поради долг од речиси 50 милиони фунти.
Некогашниот тенисер живееше во Лондон од 2012 година, но никогаш не побара британско државјанство. Бидејќи законите во оваа земја велат дека секој што ќе стори сериозно кривично дело, а нема британски пасош, по ослободувањето ќе биде протеран од земјата, се очекува Бекер за неколку дена да биде депортиран од земјата.