Британски експери сметаат дека руската вакцина ќе биде ефикасна против ковид 19

Британски експери сметаат дека руската вакцина ќе биде ефикасна против ковид 19

пред 1 година

Британски експерти во областа на вирусологијата, во интервју за „Си-би-си“, изјавија дека руската вакцина „Спутник 5“, ќе биде ефикасна во борбата против коронавирусот.

Експертите прокоментираа за резултатите на другите привремени анализи на податоци на клиничката студија за „Спутник 5“ и се покажало дека оваа вакцина има ефикасност од 91,4% дваесет и осум дена по вакцинацијата.

Ефикасноста на вакцината ќе изнесува и повеќе од 95%, по 42 дена.

„Овие податоци се поклопуваат со оние кои ги имаме видено кај другите вакцини“, изјавил професорот по фармакоепидемиологија, на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, Стивен Еванс.

Тој нагласи дека показателите за „Спутник 5“ и другите вакцини, испраќаат важно соопштение за научниците во областа на здравството во целиот свет, за можностите во борбата против оваа болест со помош на вакцинацијата.

„Не гледам причина за сомнеж во резултатите. Се согласувам дека првичните резултати предизвикуваат сомнеж, но јас мислам дека тоа е затоа што тие се неосновани. Објавени се прерано. Мислам дека тоа ќе биде корисна вакцина“, нагласил профеосорот Јен Џонс.

Јен Џонс е професор по вирусологија на британскиот Универзитет Рединг.

Како што соопштила телевизијата, позитивните оценки на научниците, се засновани на информацијата за повторните успешни манифестации, методи на аденовирски испораки“, на кои се базира вакцината, која ја направил научниот институт „Гамалеј.

Притоа, претходно не било познато, дали коронавирусот ќе покаже отпор, нагласила телевизијата. Сепак, според зборовите на Еванс, позитивните резултати на другите фармацевски компании, убедуваат дека рускиот препарат ќе има перспектива.

„Сега имаме четири вакцини кои се ефикасни, што е многу повеќе од кога водевме битка со сиата или малеријата“, изјавил Еванс.

Еванс скептичниот однос во светот, против руската вакцина, го објасни со поголемата транспарентност во прцесот меѓу САД и Европа.

„Ние знаеме колку внимателно се следат нивните истражувања и колку внимателно се соопштува за нив. Сепак државите кои ја купуваат, веруваат дека Русија успеала да направи нешто“, додал тој.

Share

free anime online. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

ani watch me AniWatch Your Name.

DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

free anime online AniWatch How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

Komi Can’t Communicate Episode 5

AniWatch JUJUTSU KAISEN (Dub)

tải go88
Scroll to Top